Талески потпиша за Бенфика: Доаѓам во голем клуб, слушнав се најдобро од Борко и од Митревски

Филип Талески и официјално е нов член на Бенфика откако македонскиот репрезентативец денеска го стави својот потпис на договорот со португалскиот гигант.

Левиот бек на нашиот национален тим реши да си замине од Вардар и да се пресели во странство, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа за преселба во Португалија. Ова ќе биде ново меѓународно искуство за Талески, кој по заминувањето од Металург настапуваше во Бундес-лигата, и тоа за екипите на Рајн-Некар Левен и за Балинген.

„Пресреќен сум што ќе играм за Бенфика. Доаѓам во голем клуб, во прекрасен град. Зборував со Никола Митревски и со Борко Ристовски, ми кажаа се најдобро за клубот. Секоја година се бори за трофеи и јас ќе дадам свој придонес во таа борба. Јас сум играч кој работи напорно секој ден, на тренинзите и натпреварите, ќе сторам се за да помогнам во остварувањето на клупските цели. Знам дека Бенфика има огромна навивачка база и поддршката од трибините ќе ни биде неопходна“, изјави Талески.

Се вчитува...