Талески со Рајн Некар Левен до нов триумф во ЛШ

Рајн Некар Левен на домашен терен славеше убедлива победа против Мешков Брест со 33-27 , во третиот натпревар од А групата во Лигата на шампионите. Ова е втора победа во ЛШ за тимот за „лавовите“ и за Филип Талески.

Избраниците на Николај Јакобсен во текот на целиот натпревар имаа контрола на играта и на резултатот. Првото полувреме го завршија со предност од 18-13. Со серија од 4-0 во второто полувреме ја зголемија позитивата на +9 поведувајќи со 25-16. Доминацијата ја задржаа до крај и убедливо ги освоија бодовите во овој дуел.

Талески постигна еден гол во вториот дел,  а најефикасен во победата на Рајн Некар Левен, беше исландскиот ветеран, Гудјон Валур Сигурдсон со шест гола. Кај Мешков Брест по седум гола постигнаа Александер Шкурински и Шиме Ивиќ.

Во следниот натпревар од ЛШ, Рајн Некар Левен на 6 октомври му гостува на Вардар.

Се вчитува...