Талески со Рајн Некар Левен преку Барселона до првите бодови во ЛШ

Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше против Барселона со 35-34 во првиот  натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. „Лавовите“ од манхајм доминираа во поголем дел од натпреварот кој го водеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Само во воведните десетина минути Барселона ја имаше иницијативата и резултатската предност. На средината од првиот дел Рајн Некар Левен направи серија од 5-0 поведе со 13-7  и до крај остана во позитива. На полувремето германскиот тим имаше водство од 16-13.  Уште по првите минути од вториот дел „лавовите се вратија на највисоки +6 (19-13).

Барселона се обиде да се врати во игра и внесе доза на неизвесност во завршните десет минути кога каталонците со серија од 7-2 се приближија на 32-30. Николај Јакобсен реагираше со тајм-аут, а Рајн Некар Левен во наредните минути успеа да одолее на притисокот. Андреас Паличка на неполни две минути пред крај му одбрани зицер на Аитор Арињо и ја обезбеди победата на германскиот тим.

Талески не се запиша во листатат на стрелците, а најефикасни во победата на Рајн Некар Левен беа Гудјон Валур Сигурдсон постигна шест, Колбахер, Шмид и Грецки со по пет гола. Кај Барселона нападот го предводеа Алеикс Гомез со 11 и Тимоти Н’Гесан со седум гола.

Се вчитува...