Тамба го „потопи“ Вардар на „Арената“, Шкендија го доби првото дерби (ВИДЕО)

Дербито во ПМФЛ му припадна на тимот на Шкендија. Тетовскиот тим со три бода се враќа од гостувњето кај актуелниот првак, откако славеше со 0-2 на најголемиот македонски стадион, Националната Арена „Тодор Проески“.

Вардар добро тргна во мечот, се закани кон голот на Шкендија, а потоа откако тетовскиот тим тргна да игра, Вардар како да не постоеше на теренот. Сепак, после првиот гол голови немаше.

Во второто полувреме далеку помотивирано влезе Шкендија. Вицепрвакот стигна до до предност во 55. минут од средбата.

По една акција на Нзенге по левата страна, додаде до Тамба, кој на вториот дирек само ја спроведе топакта во голот.

Веднаш потоа шанса имаше Пиреш за израмнување, меѓутоа не успеа. Шанса имаше и Криезиу, ја пропушти, но не пропушта Тамба.

Играчот на Шкендија во 77. минута доби одлична топка, и со елегантен лоб удар го совлада Талекис за голема предност.

Шкендија постигна уште еден гол преку Рафа, но истиот беше поништен поради офсајд. Тетовскиот тим имаше шанса преку Тамба, во двата наврати одбрани Талески и не дозволи превреме да биде решен победникот.

Се вчитува...