Ракометната федарација на Македонија информираше дека Игор Илиевски седнува на клупата на репрезентацијата до 20 години.
Оваа одлука доаѓа по оставката на досегашниот селектро Наум Танески.
„Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен г-дин Игор Илиевски. Г-дин Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија. Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на г-дин Наум Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на г-дин Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство“, стои во соопштението на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
