Таневски: Македонија ЃП заслужува да биде прволигаш

Македонија ЃП оствари сигурна победа над Зајази (3-1) и го задржа првото место на табелата во Втората лига – Запад, во пресрет на завршницата на сезоната и трката за пласман во елитата. Гостивар, Велазерими и Струга Трим – Лум се ривалите кои исто така имаат прволигашки амбиции, но тренерот на „лавовите“, Александар Таневски, верува дека неговиот тим ќе успее да мине прв низ целта.

„Македонија ЃП заслужува да се врати во елитата. Имаме квалитетен тим, еден спој на младост и искуство и напорно работиме за да ја оствариме целта. Задоволен сум од изданието против Зајази, но допрва не очекуваат вистинските пресметки, токму против директните ривали за пласман во елитата. Остануваме посветени и се надеваме на најдобро, а тоа се постигнува само со напорна работа. Мора да напоменам дека тимот и стручниот штаб имаат комплетна поддршка од клупските структури, што исто така е значаен предуслов за успешни резултати“, вели Александар Таневски, тренерот на Македонија ЃП.

Се вчитува...