Тасевски: Имавме одлични тестови во Анталија, да корегираме уште нешто…и да почнеме

Македонскиот прволигаш Силекс утре ги заокружува зимските подготовки во Анталија и се враќа во Македонија, каде ќе следи глазура на формата за пролетниот дел од првенството. Кратовци се третопласирани на табелата и имаат желба да се задржат на тоа место, а тренерот Жикица Тасевски истакнува дека тимот одработил одлични подготовки во турскиот туристички центар.

Силекс одигра шест пријателски натпревари, а тестот против Црвена Звезда (1-1) покажа дека екипата полека влегува во посакуваната форма.

„Направиме добри подготовки, одигравме силни контролни натпревари и после секој натпревар правевме видео анализа на воочените грешки што треба да ги поправиме. Дадовме шанса на сите фудбалери, а останува уште една седмица да се освежат играчите, да корегираме уште нешто и да почнеме според планот во пролетниот дел од шампионатот. Утре се враќаме дома и же продолжиме да работиме, да ги воигруваме тактичките детали по линии во тимот“, вели за ЕКИПА од Анталија, тренерот на Силекс, Жикица Тасевски.

Се вчитува...