Тасевски: Многу сум разочаран од навивачите за исвиркување на бугарската химна

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски, кој сега живее во Бугарија, во разговор за бугарски „Дспорт“  кажа дека е разочаран од односот на македонската публика на дуелот со Бугарите.

Тасевски кажа дека исвиркувањето на химната на Бугарија, не е став на мнозинството граѓани на земјата.

„Бев на мечот во Скопје, исто и во Разград. Многу сум разочаран од дуелот во Скопје и жалам за тоа што се случи. Ова не е став и мислење на мнозинството на граѓаните на Македонија. Бев и на првиот меч во Разград, немаше таков однос кон македонската химна. Се беше нормално и за почит што е нормално на спортски натпревар“, рече Тасевски и додаде:

„Го осудувам тоа што се случио во Скопје. Ги познавам момците од двете селекции и сигурен сум дека не го прифаќаат тоа што се случи. Сигурен сум дека ако наскоро има уште еден ваков меч, тоа нема да се повтори. Наместо да ги подобриме нашите односи како соседни земји, ние ги влошуваме со ваквите постапки. Тоа е жално. Зборував и со луѓе од фудбалската федерација на Македонија, и тие се разочарани од навивачите при интонирање на бугарската химна“, изјави Тасевски.

Се вчитува...