ВИДЕО: Ташовски стрелец за победа на Младост Лучани

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Васил Ташовски уште еднаш е најзаслужен за победата на својот тим Младост Лучани во српската Суперлига.

19-годишниот фудбалер повторно беше стрелец на победоносниот гол за Младост Лучани, за триумф од 1-0 против Раднички Ниш.

Ташовски, како стартер за својот тим, погоди во 12. минута, што се покажа сосема доволно за победа на Младост Лучани.

Се вчитува...