Татко му почина од корона, сега и Тоти е позитивен на Covid-19

Франческо Тоти е последниот на долгата листа на спортски легенди позитивни на коронавирус, објавија попладнево италијанските медиуми. Сопругата на „принцот на Рим“, Илари Бласи, прва била тестирана позитивно на Covid-19, а по тестирањата во најтесното семејство било утврдено дека и самиот Тоти е позитивен на коронавирус.

Информацијата пристигнува само дваесетина дена откако таткото на Франческо, Енцо Тоти почина токму од коронавирус.

Поранешниот капитен на Рома заедно со семејството веќе се наоѓа во самоизолација, а од симптомите има единствено зголемена телесна температура.

Се вчитува...