Поранешната најголема надеж на шпанскиот фудбал, Ансу Фати, се препороди фудбалски во дресот на Монако.
По серија сериозни повреди, неуспешна позајмица во Брајтон и отпишување од Барселона, 23-годишникот се смести меѓу „војводите“ и одигра одлична сезона.
Монако сака да го купи од Барса, каде што е под договор до летото 2028 година. Сепак, Фати се надева на уште една шанса во каталонскиот гигант, иако шансите да ја добие се мали.
Младиот напаѓач постигна 12 гола оваа сезона во дресот на Монако. Играше многу добро на крајот од сезоната и неговиот татко Бори смета дека Ансу заслужуваше да биде на списокот на Луис де ла Фуенте за Светското првенство. Но, не се најде таму…
„Ансу ја заврши сезоната подобро од кој било друг шпански напаѓач, а сепак не беше поканет на Светското првенство. Штета. Сигурно ќе беше поканет доколку играше редовно подолго, тоа е очигледно. Ќе дојдат повеќе можности“, рече Бори Фати.
Во еден момент, Ансу се сметаше за наследник на Лионел Меси. Сè се вртеше околу него во Барселона, но потоа почнаа да се појавуваат повреди, што ја врати неговата кариера доста назад.
Тој го облече дресот на Шпанија кога имаше само 18 години. Настапи 10 пати за „Црвената фурија“ и постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
