Таткото на Лука Дончиќ: Дивац не го сакал син ми поради мене? Се смеевме на таа лага…

Со само 20 години, Словенецот Лука Дончиќ веќе се вбројува меѓу најдобрите светски кошаркари. Импресивни се партиите кои ги демонстрира во дресот на Далас, многумина веќе споредувајќи го со Мајкл Џордан.

Па, денес кога брилјира американските медиуми водат расправа околу тоа зошто Владе Дивац и неговиот Сакраменто не го одбраа Дончиќ на НБА драфтот. Посебно беше интересно тврдењето на ЕСПН дека Дивац не сакал да го земе Лука поради неговиот татко Саша.

„Дивац се водел со она ‘каков татко, таков син’, па затоа го избегнувал Лука“ – пишува новинарот на ЕСПН, Тим МекМахон. Но, на сето тоа веднаш одговори стариот Дончиќ…

„Секако дека сето тоа е лага. Дивац и јас сме долгогодишни пријатели. Кога го прочитавме тоа заедно се смеевме на таа лажна приказна дека тој наводно е лут на мене. Не ја знам воопшто основата на која тој новинар дошол до таков заклучок“ – вели Саша Дончиќ и дополнува:

„Чекајте малку. Па, Сакраменто е сериозен клуб, вистинска корпорација. Зарем мислите дека околу некои одлуки би се воделе согласно личните впечатоци. Глупости“.

Дончиќ на драфтот го избра Атланта и потоа ги испрати во Далас, во чиј дрес сега блеска.

Се вчитува...