Таткото на Меси го „пушти црвот“: Се надевам дека Лео ќе се врати во Барселона

Лео Меси по 21 година мината во дресот на Барселона минатото лето се пресели во ПСЖ откако управата на каталонскиот гигант објави дека финансиски не е моќна да му понуди нов договор.

Авантурата во Париз не ги оправда очекувањата, а „црвот“ за евентуален камбек на Меси во Барса го пушти неговиот татко, Жорге Меси, кој денеска пристигна на одмор во каталонската престолнина.

„Искрено се надевам дека Лео еден ден ќе се врати во Барселона. Тој припаѓа на овој клуб“, истакна Жорге Меси.

Се вчитува...