Таткото на Меси веќе е на преговори во Англија

Таткото на Лионел Меси кој е и негов агент веќе е во Англија на преговори со Манчестер Сити, тврдат медиумите во Велика Британија. Наводо се преговара за договор во траење од две сезони. Ако се реализира „трансферот на векот“, Манчестер Сити тоа ќе го чини 500 милиони фунти. Клубот ќе мора да му дава на Аргнетинецот најмалку 90 милиони фунти годишно за да биде тоа еднакво на парите што ги добива во каталонскиот гигант.

Во меѓувреме од тимот на Меси потврдуваат дека тој од понеделник ќе се појави на тренинзите на Барселона за  да избегне правни проблеми со клубот со кој ако не постигнат мирољубив договор за останување или разделба, евидентно ќе следи жестока судска битка.

Меси и официјално и соопшти на Барселона дека сака да го напушти клубот. Тој поднесе барање за раскин на договорот повикувајќи се на клаузулата кој му го дозволува тоа. Со Барселона имаа сосема различни толкувања по ова прашање.

Од клубовите кои наводно се потенцијални кадидати за потписот на Меси, прв се чини отпадна Манчестер јунајтед кој според извори од „Олд Трафорд“, има пари да ја плати  мегаѕвездата, но сепак ќе се насочи кон трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...