ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендата на македонската одбојка Владимир Ѓорчески – Ципа, таткото на Лина Ѓорческа!

Тажна вест ја потресе македонската одбојка и македонскиот спорт воопшто. На 66-годишна возраст почина една од најголемите македонски одбојкарски легенди во историјата, Владимир Ѓорчески – Ципа, татко на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.

Владимир Ѓорчески-Ципа е роден 1960 година. Кариерата ја започна во Југохром во своето Тетово, каде помина две сезони.

Извонредниот потенцијал и талент веднаш е забележан од еден од најдобрите македонски клубови, па потоа во неговата кариера следуваат пет години во Работнички и пет години во Вардар.

Владимир Ѓорчески – Ципа

Ја продолжува потоа блескавата кариера и на интернационалната сцена со настап за гигантите Барселона во Шпанија и грчката екипа Арис од Солун. На крајот од играчката кариера повторно играше за Вардар и за Југохром.

За репрезентацијата на Југославија, Владимир Ѓорчески – Ципа има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија за нашата репрезентацијата играше пет години и беше нејзин прв капитен.

Се вчитува...