„Тажни ѓаволи“ – Роналдо во епизодата обиди се да ја промашиш главата на Мегваер

Манчестер јунајтед и петта сезона во низа ќе остане без трофеј, откако синоќа по поразот од Атлетико Мадрид на домашен терен доживеа елиминација од Лигата на шампионите.

Не помогна ниту потписот со Кристијано Роналдо на стартот на сезоната, а колку е очаен клубот во моментов покажаа и неколку ситуации на вчерашниот меч.

Најдобар приказ за случувањата на „Олд трафорд“ покажа синоќешната акција кога при еден центаршут на Телјес, Кристијано Роналдо буквално се заби во главата на Хари Мегваер.

 

 

 

Се вчитува...