Тажни сцени пред „Камп Ноу“ – навивачите на Барса расплакани за заминувањето на Меси (ВИДЕО)

Веста за заминувањето на Лео Меси од Барселона по 21 година тешко им падна на навивачите на каталонскиот тим, а некои од тагата ја изразија пред „Камп Ноу“.

Аргентинецот пристигна во Барселона во 2000 година, а по три години поминати во младинската школа броеше настапи за „Ц“ и „Б“ тимот пред да дебитира за сениорскиот состав. Меси за каталонците одигра 778 натпревари, а постигна 672 погодоци со што стана легенда на клубот.

Се вчитува...