Тејтум ќе биде подготвен ако САД се пласираат во четвртфинале

Американскиот репрезентативец Џејсон Тејтум нема да може да им помогне на соиграчите во следните три натпревари поради повредата на зглобот на левата нога која ја заработи на мечот од второто коло од групата Е против Турција.

Крилниот кошаркар на Бостон, повредата ја заработи во финишот на продолжението, поради која мораше салата да ја напушти во лонгета, а деталните прегледи покажаа дека следи отсуство од најмалку пет дена. Тоа значи дека Тејтум сигурно ги пропушта следните три меча на Мундобаскетот, а најверојатно ќе биде подготвен за потенцијалното четвртфинале.

САД во третото коло од првата фаза ќе се сретне со аутсајдерот Јапонија, а потоа ја очекуваат пресметки во втората групна рунда, против Бразил и победникот од утрешниот меч Грција – Нов Зеланд.

Се вчитува...