Телес: Јунајтед секогаш кога игра во ЛШ сонува за победа и титула

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед важат за фаворит во дуелот со Атлетико Мадрид во рамките на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Бразилецот Алекс Телес потенцираше дека амбицијата на Јунајтед во ЛШ е секогаш да се стигне до големото финале, а оваа сезона не е исклучок.

„Натпреварот против Атлетико е круцијален. Навистина е важен дуел за нас за патот во Лигата на шампионите. Кога играме во ова натпреварување, секогаш сонуваме за најдобар можен пласман. Сакаме да победуваме, да стигнеме до најдобрите осум. Сепак, прво мора да одиграме добро против Атлетико, а сметам дека сме спремни за тоа. Амбицијата на Јуанјтед е да се стигне до големото финале“, изјави Телес.

Водени од полните трибини на „Олд Трафорд“, фудбалерите на Манчестер Јунајтед се надеваат на пласман понатаму откако во Мадрид одиграа 1-1. Дуелот со Атлетико е закажан за вечерва од 21:00 часот.

Се вчитува...