Пред Брегалница е тежок предизвик, најтешкиот во сезоната. Штипјани денеска гостуваат на тетовска Шкендија во 3. коло од ПМФЛ, во желбата да дојдат до изненадување против големиот фаворит.
По триумфот над Арсими, самодовербата во екипата е на високо ниво, атмосферата исто така, во очекување на добар настап и добар резултат и од овој натпревар.
„Очекувам тежок натпревар против екипа која има високи амбиции. Ќе дадеме максимум од првата до последната минута и се надевам дека тоа ќе биде доволно за позитивен резултат. Знаеме каков квалитет има Шкендија и ја почитуваме, но и ние имаме свои квалитети. Натпреварите против фаворитите се најголем мотив за секој фудбалер. Верувам во тимот и мислам дела може да одиграме рамноправен натпревар. Мора да бидиме дисиплинирани и компакни како тим да ги исполниме задачите што ќе ги постави тренерот и да бидеме максимално концентрирани на текот на целиот натпревар. Атмосферата во тимот е одлична. Победата против Арсими ни даде самодоверба и мотив за продолжение на сезоната“, вели Ристе Темелков.
Натпреварот меѓу Шкендија и Брегалница се игра во вечерен термин на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
