Темелковски со Работник го победи Пролет

Ракометарите на Еурофарм Работник на домашен терен го победија Тинекс Пролет со 26-22 (13-11) и му се реваншираа за поразот во Скопје во првиот дуел. Воедно, ова беше и прв натпревари на тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски против својот поранешен клуб.

За Еурофарм Работник ова е шеста победа со која го обезбедија второто место на табелата на полусезоната, зад вториот битолски претставник, Пелистер на лидерската позиција.

Се вчитува...