Тенисер ограбен среде Монте Карло, украден му е часовник од 300.000 долари

Американскиот тенисер Себастијан Корда доживеал сериозна траума во текот на настапот на Мастерсот во Монте Карло. Тој беше исфрлен од Јаник Синер во 1/8 финалето, но поголема траума е тоа што бил ограбен сред улица, и останал без својот часовник.

Во прашање е „Ришард Миле“ вреден 300.000 евра, кој Корда морал да им го предаде на ограбовувачите. Тие избегале со мотор, а Корда случајот го пријавил во полиција. Сепак, сторителите и натаму не се пронајдени.

Корда во својата кариера освоил само една АТП титула, и тоа во 2021 година во Емилија-Ромања. До сега од тенисот заработил 5 милиони долари.

Се вчитува...