Тенисерите се враќаат на терените – Познат ждребот за Синсинати Мастерсот

Мажите се враќаат на тениските терени со Синсинати мастерсот, кој годинава поради пандемијата од коронавирусот наместо градот во Охајо ќе се одржи на терените на УС опен во Њујорк.

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ во првото коло е слободен, додека во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Томи Пол и некој од квалификантите. На истиот дел од ждребот се наоѓа и минатогдишниот шампион, Русинот, Данил Медведев, како и Марин Чилиќ, Давид Гофан, Карен Хачанов, Борна Чориќ и Денис Шапавалов.

Во долниот дел од ждребот се наоѓа финалистот од Австралија опен, Доминик Тим, како и Стефанос Циципас, Енди Мареј и Кевин Андерсон.

За потестување на турнирот своето учество го откажаа Рафаел Надали и Стен Вавринка кои нема да настапат и на УС опен, поради тоа што ќе останат во Европа да се подготвуваат за Ролан Гарос, додека Роџер Федерер поради операцијата на коленото е аут до крајот на годината.

Се вчитува...