Тенисерките бесни на инфлуенсерите на трибините: Ова со „инфлуенсингот“ надминува секаква граница!

Инфлуенсерите и креаторите на содржини со паметни телефони и прстенести светла се сè почеста глетка на трибините на овогодинешниот УС Опен, но и бројни други спортски настани. Нивното присуство и обидите да привлечат внимание на тениските терени станаа една од главните теми на последниот тениски Грендслем за годината.

Организаторите потврдија дека околу сто креатори на содржини добиле официјални акредитации за турнирот. Дваесет од нив се исклучиво одговорни за покривање на гастрономската понуда, во која пилешки медалјони со кавијар и специјалните коктели обезбедуваат популарност на социјалните мрежи. Илјадници други аматерски креатори, кои купиле свои билети, исто така може да се бидат низ целиот комплекс и на трибините.

„Се чувствувам како секој Грендслем да има свој идентитет, а УС Опен отсекогаш бил големо шоу“, рече финалистката од 2017 година, Медисон Киз.

Мешање за време на натпреварите

Познати личности, од холивудските ѕвезди до поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, долго време се редовни посетители на трибините, а богатите поединци трошат илјадници долари за седишта на настанот, кој е статусен симбол во Њујорк. Сепак, сè посилната поврзаност на инфлуенсерите со најважниот американски тениски турнир, исто така, создава одредени проблеми.

Главните судии мора постојано да ги предупредуваат инфлуенсерите дека ја нарушуваат играта. Инцидент се случи и на мечот на двократната победничка на Отвореното првенство на САД, Наоми Осака, додека сервираше за победа во првото коло против Анастасија Захарова.

Во четврток, по нејзината победа во второто коло против Катерина Сињакова, Осака ја коментираше ситуацијата за новинарите.

„Јасно е дека ако доаѓате на спортски настан, мора да го почитувате спортот. Може да биде добро луѓето да го доближат тенисот до својата публика, но мислам дека треба да биде многу повеќе контролирано, особено во ситуации како натпревари од првото коло.“

Тенискиот бонтон е прекршен

Една корисничка на социјалните мрежи, исто така, привлече негативно внимание. Таа објави серија фотографии од себе како позира на стадионот „Артур Еш“ додека Медисон Кис играше поен против Алина Корнеева, кршејќи ги основните правила на тенискиот бонтон.

„Разбирам дека инфлуенсерите доаѓаат и на некој начин сакаат да го доближат УС Опен до пошироката публика. Но, тешко е да се игра додка тие фотографираат и користат селфи светла. Луѓето се долу на теренот и се обидуваат да играат, тоа е нивна кариера и нивна работа. Се чини малку грубо. Мислам дека сè е малку претерано. Сепак се си има своја граница. Кога може новинарите и моќните светски медиуми долги години да бидат максимално во функција на спортот, па што се инфлуенсерите!?“ – рече финалистката од 2024 година, Џесика Пегула.

Се вчитува...