Тенисот има нови јунаци – Енди Мареј и Анжелик Кербер стигнаа на врвот

„Белиот спорт“ во 2017 година доби нови владетели. На Енди Мареј конечно му успеа да го симне од тронот својот пријател Новак Ѓоковиќ. А, Германката Анжелик Кербер, најдобрата година во кариерата ја круниса со лидерска позиција на ВТА листата, пред долго време неприкосновената Серена Вилијамс.

Гем, сет, меч за Мареј

marej i nole

Британецот Енди Мареј во 2016 година стана светски рекет број еден, по втор пат го освои Вимблдон, го освои олимпиското злато на Игрите во Рио и стана прв тенисер во историјата со две олимписки титули по ред, на ОИ 2012 во Лондон и на ОИ 2016 во Рио.

Со победата против Џон Иснер во финалето на Мастерсот во Париз, Мареј прв пат во кариерата стана играч број еден на светската АТП листа.

Спектакуларанта сезона Британецот ја заклучи со голема победа против Новак Ѓоковиќ со 6-3, 6-4 на завршниот Мастерс турнир во Лондон. Со оваа победа светскиот рекет број 1 во директен дуел за првото место на АТП ја осигура својата позиција и му оневозможи на Србинот да ја врати лидерската улога во белиот спорт. На Мареј ова му беше прва победа на завршните Мастерс турнири и втора победа против Ѓоковиќ во пет натпревари во изминатата година. Тоа беше неговата 24 победа во серија и „шлаг“ на сезоната за паметење.

„Не сум изненаден што Енди Мареј стана број 1. Тоа го очекував кога-тогаш, но, изненаден сум што до тоа стигна годинава. Ѓоковиќ добро ја отвори сезоната и не можев ни да замислам дека некој ќе може да го достигне“ – рече најуспешниот тенисер во историјата на белиот спорт, Роже Федерер за фантастичниот успех на Енди Мареј.

Британскиот тенисер сезоната ја заврши со три гранслем титули (Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон), со олимписко злато, прво место на АТП листата, со вкупно 44 титули во кариерата и заработувачка од 55,7 милиони долари.

Шампионката од Кил

kerber vi serena

Во женскиот тенис, личност на годината е Германката Анжелик Кербер. 28-годишната тенисерка во септември стана број 1 на ВТА листата. Прв пат по ерата на Штефи Граф, Германија се врати на лидерската позиција во женскиот тенис, а Кил освен по ракометот стана познат и по најдобрата тенисерка во светот.

Анжелик Кербер по татко има корени од Полска, а по мајка од Германија, живее во “ракометниот“ Кил и иако има двојно државјанство,  настапува како Германка. Во изминатава сезона таа триумфираше на првиот и на последниот гранслем турнир, а на Австралија Опени на УС Опен, а на ОИ во Рио го освои сребрениот медал. Но, во изминатата сезона таа имаше и лош период, па на Ролан Гарос испадна уште на стартот, на Вимблдон стигна само до четвртфинале. Годината ја заврши на првото место на АТП листатат, со вкупно 10 ВТА титули во десетгодишната кариера и со вкупна заработувачка од 19,3 милиони долари од кои половината ги заработи во 2016 година.

„За мене ова беше година во која сонот стана стварност, но и година во која некои седмици и не беа толку добри, како делот од сезоната на земјени терени“ – вели тенисерката која ја замени Серена Вилијамс на врвот на ВТА листата.

Анжелик Кербер и Енди Мареј од ИТФ беа прогласени за најдобри тенисери во светот  за 2016.

Се вчитува...