Тензија во Атлетико Мадрид: Клубот замрзна се во очекување на новите резултати од тестовите за COVID-19

Атлетико Мадрид е во голема неизвесност. Шпанските медиуми јавуваат дека во тренинг центарот на мадридскиот клуб утрово е комплетно мирно. Планираниот утрински тренинг е откажан. Клубот е во очекување на новите резултати од ПСР тесотовите за COVID-19. Вчеравечер Атлетико Мадрид пријави два случаи на заразени со коронавирусот. Се тврди дека заболените се играчи.

Резултатите од новите тестови треба да покажат дали бројката останува само на двајца заразени. Ако биде така, Атлетико ќе може утре да патува за Лисабон каде в четврток треба да го одигра четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Лајпциг. Ако се зголеми бројот на заразени проблемот ќе стане многу поголем. Во очекување на исходот од повторното тестирање, Атлетико им наредил на играчите сите да останат дома. Во тренинг центарот се појавиле само дел од техничките лица и од стручниот штаб, тврдат шпанските медиуми.

Се вчитува...