Теодосиќ го напушта ЛА клиперс

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ го напушта тимот на Лос Анџелес клиперс. Клубот ќе го раскине договорот со него, објави „Yahoo Sports“.

Теодосиќ е член на Клиперс од јули 2017 година, но оваа сезона настапи на само 15 натпревари. Последниот меч го одигра на 15.декември против Оклахома. Можно е српскиот плејмејкер да се врати во Европа, каде за него се заинтересирани Макаби Тел Авив и Анадолу Ефес, или пак како слободен играч да потпише договор со некој друг клуб во НБА лигата.

 

Се вчитува...