Теодосиќ: Како јас излегов предавник…

Милош Теодосиќ по бројните шпекулации за неговата иднина реши да потпише договор со Виртус Болоња, за да може сега целосно да се посвети на настапот за Србија на СП 2019 во Кина. Одличниот плејмејкер претходно беше поврзуван со Црвена Звезда, а кога се официјализираше трансферот во Виртус бројни фанови на „црвено-белите“ го критикуваа Теодосиќ што ги избрал парите на италијанскиот клуб пред љубовта кон спортскиот спортски гигант.

„Не разбирам како на крајот јас излегов лошиот, за некој да ме нарекува предавник. Ме обвинуваат за различни работи, а никој не ја знае вистината – никогаш немав контакт со Црвена Звезда. Се пишуваше по весниците за суми, но никој никогаш не ми понуди да дојдам во овој клуб. Не сум сигурен дали и доколку имав понуда ќе прифатев во овој момент, но како и да е не сакам да бидам окарактеризиран со најразлични негативности кога воопшто немав контакт со Црвена Звезда“ – изјави Теодосиќ.

Тренерот на извонредниот плејмејкер во новиот клуб ќе му биде селекторот на српската репрезентација, Милош Теодосиќ.

Се вчитува...