Теодосиќ пред потпис со Анадолу Ефес?

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ веќе сигурно ја напушта НБА на крајот од сезоната и се враќа во Европа. Негова следна дестинација во кариерата најверојатно ќе биде Турција. Според српските медиуми, кошаркарот на ЛА клиперс е пред потпис со имот на Анадолу Ефес.

Теодосиќ сезонава неколку пати најави дека ќе ја напушти НБА, а турскиот тим е особено заинтересиран да го донесе српскиот капитен во своите редови. Клубот од Истанбул сезонава игра над очекувањата во Евролигата. Со евентуалниот ангажман на Теодосиќ би добиле уште повеќе на квалитет и со уште поголеми амбиции би стартувале во новата сезона.

Теодосиќ кој претходно имаше блескави настапи за ЦСКА Москва, во НБА не се вклопи најдобро, а сезонава и не добива голема шанса кај тренерот Док Риверс.

Се вчитува...