„Тепачите“ Ембид и Таунс суспендирани од НБА (ВИДЕО)

Поради тепачката во мечот меѓу Филаделдија и Минесота, Џоел Ембид и Кар-Ентони Таунс ќе ги пропуштат следните два натпревари на своите екипи, додека Бен Симонс кој исто така учествуваше во конфликтот ќе остане без казна.

Таунс и Ембид имаа озбилен конфликт кој ескалираше на крајот на третата четвртина и заврши со физичка пресметка.

„Центрите на Филаделфија Џоел Ембид и Минесота Карл Ентонио Таунс се суспендирани на два натпревари поради пресметката која ја имаа на теренот бидејќи ескалираше во поголем инциден“, стои во соопштението од НБА. 

 

Се вчитува...