Тепачка во Лас Палмас пред дуелот со Реал Мадрид

Двајца фудбалери на Лас Палмас направиле жесток инцидент на последниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел со Реал Мадрид во рамките на Ла Лига. Лоик Реми и Осама Танане се степале, откако претходно имале несогласувања од почетокот на тренингот.

Најпрво Лоик Реми ја шутнал топката директно во Танане, а потоа двајцата фудбалери и физички се пресметале, открива шпанскиот весник „Марка“.

Лас Палмас оваа сезона не ги бележи очекуваните резултати и има осум порази од стартот на сезоната, па тоа најверојатно придонесува и за нервозната атмосфера во редовите на клубот. Се уште не е познато дали двајцата фудбалери ќе бидат во тимот за утрешното гостување на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...