Тепачка во НБА: Фрустрираниот Серж Ибака доби ќотек (ВИДЕО)

Фрустрациите од слабото издание на Торнто во неочекуваниот пораз од Кливленд излегоа на виделина во третата четвртина кога Серж Ибака се пресмета со Маркиз Крис. По еден дуел, шпанскиот репрезентативец се најде на паркетот, а кога стана влезе во пресметка со Крис која очекувано заврши со исклучување за двајцата играчи. Ибака и Крис ќе добијат суспензии и парични казни.

За Шпанецот ова не е прв инцидент сезонва, претходно се тепаше и со Робин Лопез и со Џејмс Џонсон. Поради повотрување на прекршокот веројатно ќе одмора три до пет натпревари. Секој пропуштен натпревар чини 149 000 долари.

 

Се вчитува...