Тепачка во НБА, се пресметаа Лопез и Ибака под кошот (ВИДЕО)

Мечот од НБА – лигата меѓу Торонто репторс и Чикаго булс, покрај тоа што беше интересен поради многубројните пресврти и продолжението, како и неизвесноста до самиот крај, донесе и несакани моменти. Се случи тепачка под кошевите, и тоа меѓу најцврстите момци од двете екипи, Робин Лопез и Серж Ибака. Во моментите кога Чикаго имаше големо водство (72-88), двајцата кошаркари нервозно реагираа, а потоа расправијата се претвори и во размена на боксови. За среќа, се замешаа и другите кошаркари, па инцидентот брзо беше ставен под контрола. Торонто по продолжение успеа да слави на овој меч со 122-120.

Се вчитува...