ТЕРМИНАТОР: Маркез се враќа во Мото ГП шампионатот

Актуелниот шампион во кралската класа, Марк Маркез, ќе се обиде да вози на трката за Големата награда на Италија оваа недела на патеката Муџело.

Дукати објави дека Шпанецот ќе патува во Муџело во среда со цел да вози, но јасно е дека прво ќе треба да добие дозвола од медицинскиот тим на Мото ГП шампионатот.

Маркез претрпе фрактура на петтата метатарзална коска на стапалото при пад за време на спринтот во Ле Ман, а потоа беше откриено дека му се откачил и штраф од операцијата на клучната коска. Актуелниот шампион беше опериран многу брзо по падот, а во таа прилика беше извршена интервенција на неговото стапало, а беше отстранет и проблематичен шраф.

Поради повредите здобиени во Ле Ман, Маркез ја пропушти главната трка во Франција, како и целиот викенд на Големата награда на Каталонија.

Се вчитува...