Тесен пораз на Бадел од првиот фаворит во ВАБА

Кошаркарките на Бадел 1862 ја испуштија првата прилика да стигнат до првата победа во регионалната женска Јадранска лига. Вечерва, во доста рамноправен натпревар, го „испуштија“ големиот фаворит за место на финалниот турнир, екипата на Монтана, која со подобра игра во второто полувреме, сепак, ја оправда улогата на фаворит и стигна до триумф од 74-77.

Одлично прво полувреме одиграа кошаркарките на Бадел 1862. Дека се подготвени да направат подвиг. „Баделки“ го најавија тоа уште во првата четвртина во која одиграа без никаков респект против големиот фаворит. Го добија првиот период со (19:17).

Но тука не застанаа…

Продолжија кошаркарките на тренерот Перо Стамески да бидат рамноправен, на моменти и подобар противник од Монтана.

На паузата заминаа со уште еден поен „вишок“ (38:35). А Александра Стојановска беше прво име на средбата. Во првиот дел репрезентативниот бек на домашната екипа имаше одлични 15.поени, 6.скока и 5.асистенции.

На почетокот на третата четвртина, гостинките направија серија од (11-4) со која го превземаа водството (46:42). Во тој ритам се играше до крајот на овој период од премиерниот меч од регионалното натпреварување за нашиот вицешампион. А Цветанка Димова со 11.поени, беше втората домашна кошаркарка со двоен број на реализации во водството на гостинската екипа од (54:48).

Во 34.минута, Монтана се стекна со најубедливото водство, од девет поени (62:53). Тука до израз дојде квалитетот на една од најдобрите екипи во регионалното натпреварување. Погодуваа четири кошаркарки кои и завршија со десет и повеќе поени. Но поважно од тоа, креираа недостижна предност (70:57) на нешто повеќе од четири минути до крајот на средбата во „Независна Македонија“.

Во второто коло од групата „Б“, кошаркарките на Бадел 1862 повторно ќе играат на домашен терен, а на 6.октомври, противник ќе им биде словенечкиот претставник, Цинкарна од Цеље.

Се вчитува...