Тешка победа на Милан против Парма

Милан славеше победа против Парма со 2-1, во натпреварот од 14.коло во Серија А.

Сите три гола на натпреварот беа постигнати во второто полувреме. Парма поведе со голот на Роберто Инглезе во 50.минута. Пет минути подоцна, Кутроне го постигна првиот погодок за Милан за 1-1.

Водство на „росонерите“ им донесе  Франк Кеси во 71. минута со прецизен удар од пенал.

Со оваа победа и новите три бода Милан се искачи на четвртото место на табелата со 25 бода, три помалку од Интер кој  во дербито на колото вечерва и гостува на Рома. Парма е на шестата позиција со 20 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...