Тешка победа за Барселона, Меси и компанија се доближија на само еден бод до лидерот Атлетико

Барселона оствари тешка победа, а Меси и компанија сега се доближија на само еден бод до лидерот Атлетико откако вечерва на домашен терен го совладаа тврдиот Ваљадолид со минимален резултат од 1-0.

Во натпревар од 29 коло во Примера, Ваљадолид ја иненади Барселона, кога гостите уште во 09. минута ја погодија гредата од голот на каталонскиот тим, па покажаа дека им треба мал простор за да можат да го загрозат голот на домаќините. Фудбалерите на Куман се обидуваа да нагазат на топката и да воспостават контрола, па фатија ритам дури во последните минути од првото полуверме кога по долга акција Педри упати шут кон голот, но голманот одбрани па топката заврши во стативата. На пауза се замина со резултат од 0-0.

Второто полувреме донесе одлична динамика и брз проток на топката и на двете страни, а како што поминуваше вермето така и растеше нервозата и тензијата на натпреварот. Во 78. минута Оскар Плано направи непромислен старт, па главниот судија му покажа црвен картон, а Ваљадолид остана со 10 фудбалери до крајот на овој дуел. Сега фудбалерите на Барса во целост ја држеа топката во своја контрола и постојано напаѓаа, па одбраната на Ваљадолид беше пробиена во 90 минута откако Дембеле беше прецизен и ја затресе мрежата на гостите за голема победа и нови три бода за Барса.

Каталонскиот тим сега се доближи на само еден бод до лидерот на табелата во Примера, Атлетико Мадрид.

 

 

 

 

Се вчитува...