Тешка повреда: Крај на сезоната за капитенот на Ренова, Арџент Гафури

Огромен хендикеп за Ренова до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Капитенот Арџент Гафур заработи тешка повреда на последниот натпревар со Беласица поради која ќе мора да отсуствува осум месеци.

Како што информираа од Ренова, Гафури ги скинал лигаментите на коленото по што го очекува хируршка интервенција, па период на рехибилитација.

„Гипсарите“ останаа без еден од најдобрите свои фудбалери, поради што е сосема јасно дека стивнуваат и сериозните амбиции во битката за врвот од табелата во елитниот шампионат.

Се вчитува...