Тешка повреда: Мартин Велковски ја скина тетивата?!

Металург загуби на гостувањето против Бешикташ, но многу поголем проблем за тренерот Брестовац од загубените бодови е тешката повреда што ја заработи Мартин Велковски. Десниот бек предвреме го заврши натпреварот, а првичните прогнози се застрашувачки за актуелниот вицешампион на Македонија.

Имено, „металурзите“ стравуваат дека станува збор за кинење на тетивата, повреда што македонскиот репрезентативец подолг период ќе го оддалечи од ракометните терени.

Повредата на Велковски целосно го исфрли нашиот тим од ритам. Се надевавме дека не станува збор за ништо посериозно, но прогнозите на лекарите не се оптимистички“ – истакнува тренерот Брестовац.

Врз Велковски  во текот на денешниот ден ќе бидат извршени детални лекарски прегледи, по што ќе биде познато и колку сериозна е повредата. Доколку се потврдат стравувањата дека станува збор за скината тетива, тоа ќе значи и пауза од околу осум месеци и автоматски крај на сезоната за десниот бек на Металург. Воедно, Велковски нема да биде во комбинација ниту за претстојниот ракометен мундијал што во јануари 2019 година ќе се одржи во Германија.

Се вчитува...