Тешка повреда на големото засилување на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд прескапо ја плати премиерната победа во новата сезона над Хамбургер, поради тешката повреда што ја зарагботи новото големо засилување на „милионерите“, Јанис Константелиас.

Офанзивниот плејмејкер кој летово дојде од ПАОК за 26 милиони евра најпрвин ги крена на нозе сите присутни на стадионот постигнувајќи го голот за 2-0 пред крајот на првото полувреме, но на самиот старт од вториот дел грчкиот репрезентативец заработи повреда за која веднаш беше очигледно дека е сериозно. Константелиас мораше да биде заменет, а во таборот на „милионерите“ не кријат дека стравуваат од кинење на лигаментите, сценарио што би можело експресно да ја заврши сезоната за 23-годишниот грчки фудбалер.

„Многу ми е жал бидејќи станува момче што остави впечаток од првиот ден кога дојде, како со однесувањето на тренинзите, така и на натпреварите. Фрустрирачки е што тој заработува ваква повреда, многу работи ми се вртат низ главата во моментов… Скинати вкрстени лигаменти? Да, тоа секако е една од опциите, една од најголемите грижи што ги имам во моментов“, изјави спортскиот директор на Борусија, Оле Бук.

Се вчитува...