Тешка повреда на Нејмар (видео)

Целата сезона на Нејмар е кошмарна, со променливи игри на теренот, но и серија проблеми надвор од него. Очајот на бразилската суперѕвезда кулминираше на синоќешниот натпревар со Катар на кој Нејмар издржа само неколку минути пред да заработи сериозна повреда.

Станува збор за проблем со лигаментите на скочниот зглоб, поради што Нејмар веднаш беше повлечен од игра, но и што е уште поважно – отпадна од комбинација за настап на Копа Америка. Деталните лекарски прегледи ќе покажат колку долга ќе биде паузата од теренот, но Нејмар нема шанси да се рехабилитира навреме за настап на континенталниот собир, кој стартува за помалку од десет дена, па селекторот Тите во текот на денешниот ден ќе треба да повика нов фудбалер на негово место.

Што се однесува до мечот со Катар, Бразилците забележаа победа од 2-0 со головите на Ричарлисон и на Габриел Хесус.

Се вчитува...