Тешка повреда на талентираниот Виктор Исајловски

Еден од најголемите таленти на македонската кошарка во моментов, Виктор Исајловски, пред неколку дена го повреди коленото поради што му претстои подолга пауза. Одличното крило повредата ја заработил на еден од тренинзите на МЗТ Скопје Аеродром Уни Банка.  По дополнителните прегледи потврдено е дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти во неговото колено. Операцијата е веќе закажана, по што ќе следува период на рехабилитација.

„Операцијата е веќе закажана, по што ќе следува период на рехабилитација и тоа под будните очи на сите стручњаци со кои располага нашиот клуб. Исајловски и досега ја имаше поддршката од сите во нашиот клуб, а истата ќе ја има во следниот период, во кој ќе сториме сѐ за да го мине на најдобар и најкус можен начин. Тој е еден од играчите на кои сериозно сметаме во иднина и за кого сме уверени дека ќе израсне во еден од носителите на играта не само на МЗТ Скопје Аеродром, туку и на македонскиот национален тим, поради што ќе биде покрај него буквално во секој момент од неговиот пред и пост операциски период, како и за време на рехабилитацијата“, стои во соопштението од клубот. 

Исајловски во 2018 година потпиша за МЗТ Скопје, а оттогаш паралелно настапува и за првиот и за вториот тим на клубот од Аеродром.

Се вчитува...