Tешка повреда на турнирот во Рим – Касаткина во солзи го напушти теренот, Азаренка покажа неверојатна големина (ВИДЕО)

Младата руска тенисерка Дарија Касаткина доживеа тешка повреда на меч од осминафиналето на ВТА турнирот во Рим против Викторија Азаренка. При резултат од 2-0 за Азаренка во тај-брејкот во првиот сет Русинката лошо нагази и го свитка глуждот по што веднаша падна неподвижна на теренот. Таа со солзи во очите го напушти теренот, а најголема поддршка во тие моменти и даде нејзината противничка која покажа неверојатна големина.

Малерот да биде уште поголем Касаткина слична повреда доживеа 2017 година и тоа на истиот турнир во Рим.

 

Се вчитува...