„Тешкашите“ на НБА лигата бараат продолжување на сезоната

Најголемите ѕвезди на НБА лигата бараат продолжување на сезоната во најсилната кошаркарска конкуренција во светот. Претседателот на асоцијацијата на играчи, Крис Пол одржал видео-состанок со водечките имиња на Лигата и била постигната согласност дека во догледно време шампионатот треба да продолжи.

Леброн Џејмс, Јанис Антетокумпо, Кевин Дурант, Каваи Ленард, Стеф Кари, Демијан Лилард, Расел Вестбрук биле меѓу повиканите на состанокот и затоа се очекува овој став да има големо влијание на одлуката која треба да ја донесе комесарот, Адам Силвер.

Играчите предлагаат некаква скратена форма на Лигата, односно плеј-оф формат адаприран на условите наметната од кризата поради коронавирусот. Кошаркарите инсистираат на комплетирање на сезоната од две причини. Прво, ако не биде завршено првенството, нема да добијат плати, а второ, играчите како Џејмс и Антетокумпо се во одлична позиција да се борат за шампионскиот прстен и не сакаат да ја испуштат приликата до која не се доаѓа така лесно секоја сезона.

 

 

Се вчитува...