Тесна победа на ФМП Академија над Куманово, домаќините се „лизнаа“ во финишот

ФМП Академија го забележа и третиот триумф во петиот натпревар сезонава во кошаркаската лига на Македонија откако по еден крајно неизвесен натпревар успеа на гости да слави над Куманово со 77-74.

Домаќините од Куманово беа нешто подобри на отворањето на мечот и по десет минути игра имаа предност од 27-20. Сепак, добрата игра на кумановчани беше за момент неутрализирана од гостите во вториот период, па тимот на ПМФ го доби со 16-20, за да на пауза се замине со минимална предност за Куманово (43-40).

По паузата следуваше и понатаму речиси изедначена борба, се играше кош за кош, а домаќините третиот период го заокружија со уште една минимална предност од три коша разлика (17-14). Гостите направија целосен пресврт во самиот финиш, па успеаја да дојдат до тесна победа и конечен триумф од 77-74. Ваквиот исход ги смести кошаркарите на ФМП на шестото место со осум освоени поени, додека Куманово останува и понaтаму на деветата позиција со шест бода.

Стефан Крстајиќ со 31 поен беше прво име во победничкиот табор, кај поразените се истакна Џонатан Холмс со 20 поени.

Се вчитува...