Тесно во Клуж, Хрватска одвај ја совлада Црна Гора

Репрезентацијата на Хрватска стигна до третата победа на Евробаскетот, во тесниот двобој против нациналниот тим на Црна Гора со резултат од 76-72 . „Коцкастите“ делуваа надмоќно во првата четвртина, имаа дури +15 и не дозволија поени во својот кош речиси шест минути, па воведните 10 минути ги освоија со 25-17.  Црногорците се разбудија пред паузата, ја намајлија негативата на само 3 поени, но Хрватска повторно ја превзеде иницијативата, па на полувреме замина со 12 поени разлика(43-31).

Третата четвртина беше во корист на Црна Гора, со резултат од 21-19, па така најавија неизвезна завршница. Сепак, искуството на Хрватите не дозволи изненадување, па во последните секунди го одбранија минималното водство за конечни 76-72. Бојан Богдановиќ за хрватската селекција постигна 23 поени, Шариќ заврши со 14, додека за црногорците најефикасен беше Дубљевиќ со дабл-дабл учинок, 17 поени и 11 скока.

Репрезентацијата на Летонија практично го обезбеди своето учество во следната рунда на Евробаскетот, откако ја забележа втората победа во групата Д, овој пат против Велика Британија со резултат од 97-97(25-20, 25-20, 34-18, 13-34). Летонците имаа контрола врз натпреварот нешто повеќе од триесетина минути, до полувремето водеа со +10, а веќе по крајот на третата четвртина, Летонија предводена од Поржингис(28 поени) стигна и до највисоки 29 поени предност. Сепак, селекцијата на Велика Британија не дозволи дебакл до крајот, па последната четвртија ја освоија со резултат од 34-18, за конечниот исход да биде 97-92 за Летонија.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Русија 76 – 67 Белгија

Унгарија 85 – 73 Чешка

Се вчитува...