„Дојде време Реал Мадрид да се плаши од Манчестер сити“

Поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Карлос Тевез вели дека во сегашната фудбалска ситуација во Европа, Реал Мадрид се тие кои треба да бидат загрижени пред полуфиналето од Лигата на шампионите против „граѓаните“.

Тевез беше едно од раните засилувања во ерата на шеикот Мансур во Манчестер сити, во трансфер кој ги разгори страстите бидејќи тој играше и за другиот, „црвениот“ тим од Манчестер. Тогаш Сити немаа големи европски амбиции и во 2012 година, беа победени со 3-2 на „Сантијаго Бернабеу“ во групната фаза на ЛШ со головите на Карим Бензема и Кристијано Роналдо.

„Сега ситуацијата е сосема поинаква. Денеска, Реал Мадрид треба да се загрижени за мечевите со Сити. Тоа е предноста на Сити. Денеска, сите противници знаат за што се способни фудбалерите на Манчестер Сити, со цела инфраструктура која ја изградија за да бидат еднакви со најголемите европски клубови. Досега не беше возможно да се слави титулата од Лигата на шампионите, но 10 години од моите мечеви, Сити се ривали за почит и тоа ме прави горд, како што треба да се чувствуваат сите фанови на клубот“, вели Тевез.

Се вчитува...