ТФТ аплицираше за место во Лигата на Шампионите

Освојувачот на Купот „Благоја Геогриевски – Буштур“, ТФТ се пријави за учество во Лигата на Шампионите на ФИБА. Со самото тоа што „црно-белите“ дојдоа во шампионскиот трофеј имаат право за апликација за настап во силното натпреварување, а воедно самото тоа наговестува и европска есен.

Имено, според пропозициите на ФИБА доколку ТФТ не ја помине квалификациската рунда ќе има загарантирано место во групната фаза од ФИБА Еврокупот. Како потсетување скопскиот тим претходната сезона се најде во квалификациите за ФИБА Еврокупот, но не успеа да ги мине истите во битка со унгарски Сегед.

Повеќе детали за учеството во Лигата на Шампионите и конечниот список на учесници во натпреварувањето ќе бидат познати до крајот на месецот.

Се вчитува...