Прволигашката кошарка се враќа во етерот денеска со пет дуели од 18. коло во кое силите ќе си ги одмерат ТФТ и Работнички, Вардар и МЗТ Скопје 2, Кожув и Академија ФМП, Пелистер и Еуро Никел и МЗТ Скопје и Гостивар.
Богатата програма започнува од 17 часот со натпреварот на „Кале“ каде Работнички го пречекува ТФТ со цел враќање на победите по убедливиот пораз од Куманово во последното коло. На центарци нема да им биде нималку лесно со оглед на тоа што новалијата се наоѓа во серија од две победи во низа и на натпреварот влегува по убедлиот триумф над Вардар.
Ова ќе биде прв официјален натпревар на овие две екипи, а мотив повеќе за избраниците на Мираковски ќе биде поразот на подготовките во пресрет почетокот на сезоната.
На истото место во истиот час (17:00) започнува и дуелот помеѓу Вардар и МЗТ Скопје 2. Овие два тима одиграа одличен натпревар пред само две недели во кој по одличен „кам-бек“ бодовите ги „собраа“ избраниците на Даскаловски, триумф со кој „штркчињата“ заминаа на победа предност во однос на главниот конкурент за изборување на опстанок.
Од 17 часот и 30 минути, Кожув во Гевгелија го пречекува составот на Академија ФМП. Гостите од Скопје на овој натпревар влегуваат на крилјата на победата против МЗТ Скопје во претходното коло, додека домаќините пак ќе се обидат да се рехабилитираат од поразот против МЗТ 2. Двата тима се наоѓаат при средината на табелата, а секоја победа е императив за пласман меѓу најдобрите шест екипи во продолжението од сезоната.
Лидерот на табелата, Пелистер веќе во 18. коло ќе има можност да го завери своето место во Суперлигата со победа на натпреварот против Еуро Никел (18:00). Првиот натпревар помеѓу овие два противници оваа сезона заврши со убедлива победа на битолчани, па избраниците на Самарџиев ќе се обидат да се реваншираат на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА