ТФТ ги пушти билетите: „Градски парк“ нека биде полн за финалето

ТФТ в среда со почеток во 19 часот го игра вториот меч од финалната серија од АБА2 лигата против Широки бријег, дуел на кој „црно-белите“ од Тафталиџе ќе сторат се за да стигнат до победата и да се изборат за мајсторка во ова финале.

Секако, за такво нешто ќе им биде потребна поддршка од трибините, а од ТФТ не кријат дека посакуваат салата „Градски парк“ да биде исполнета до последно место и повторно да се создаде прекрасна атмсофера како што тоа беше случај на полуфиналето со Сутјеска.

Билетите се пуштени во продажба и може да се купат на https://ticketx.com.mk/events/tft-finale и на 30 различни локции низ цела држава.

„Не пропуштајте! Бидете нашиот шести играч“, порачуваат од таборот на ТФТ.

Се вчитува...